-->
-->
Црна Гора го затвори почесниот конзулат во Холандија
-->
Црногорската влада одлучи да го затвори својот почесен конзулат во холандскиот град Мастрихт, објави црногорскиот весник „Побједа".
Изворот потсетува дека Бен Вос, почесниот конзул на Црна Гора во Холандија во јули годинава беше уапсен под сомнение за перење пари и затајување даноци во вкупен износ од 5 милиони евра. По обелоденувањето на аферата, холандските медиуми јавуваа дека биле конфискувани 60 движни и недвижни објекти во сопственост на инвестициската компанија чиј директор беше Вос.
Одлуката за затворање на тоа дипломатско претставништво е донесена на вчерашната седница на Владата на Црна Гора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители