Балкан
20. јуни 2020 - 14:47

Црна Гора: Ѓукановиќ распиша парламентарни избори за 30 август

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за 30 август распиша парламентарните и избори во неколку општини,

Покрај парламентарните избори, ќе се одржат избори за општинските собранија на Андријевица, Будва, Гусиње и Котор, се вели во соопштението на претседателот.

Според неговиот кабинет, Ѓукановиќ одлуката ја донел по консултациите што ги одржа на 16 јуни со претставници на парламентарните партии и коалиции.

Одлуките на претседателот на Црна Гора влегуваат во сила на денот на нивното донесување.