Македонија
14. March 2016 - 9:54

Црн викенд во Скопје, двајца загинати, 20 повредени во 21 сообраќајка

На подрачјето на СВР Скопје во текот на изминатите три дена се случиле 31 сообраќајна незгода, во кои се повредени 20 лица, а две го загубиле животот. 

Сообраќајната полиција на 11. март - петок извршила увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, три се со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобило три лица

Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.

Како што информираше за МИА, Драган Вељаноски од СВР-Скопје, се случила и една незгода со загинато лице во 09,45 часот на бул.„Гоце Делчев“ на мост Гоце Делчев помеѓу патничко моторно возило „Фиат Пунто“ и патничко моторно возило „Цитроен“ и двете возила со скопски регистарски таблици управувани од граѓани од Скопје.

На 12. март - сабота извршен е увид на вкупно 11сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета, четири со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица. Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил возач на патничко моторно возило. 

Од страна на сообраќајната полиција на 13. март - недела извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, во кои четири се со последици материјална штета, четири се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица. Се случила и една незгода во која еден пешак се здобил со тешки телесни повреди. 

Според информациите од Вељаноски, се случила и една незгода, во која има загинато лице. Несреќата се случила околу 07.40 часот на обиколницата на град Скопје во близина на клучка Смиљковци, во која учествувало возило „БМВ Х6“ со охридски регистерски таблици управувано од граѓаниин на Охрид. Охриѓанецот излегол надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот пат с.Смиљковци-н.Бутел. Како последица од незгодата возачот го загубил животот на лице место, а со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број прекршоци. Санкционирани се 32 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 77 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената,15 возачи поминале на црвено светло на семафорите, седум 7 возачи не одстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, седум возачи не го почитувале правилото за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, а шест пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „“пајак“, отстранети се 109 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.