Бизнис
24. August 2015 - 19:42

Црн понеделник на Светските берзи - Нафтата под 40 долари за барел

Црн понеделник за светските берзи, нафтата падна под 45 долари за барел. За над 8 % паднаа индексите на двете основни берзи во Кина а ефектот освен што се почувствува на азиските берзи влијаеше и на европските и американските берзи ,како и на берзата во Москва. Прогнозите се дека ваквата состојба ќе потрае.

Брент нафтата падна на 44,62 долари за барел што е најниска вредност после 2009 кога цената се намали на 39 долари за барел.

Кинеските берзански индекси минатата недела се намалија дури за 11 % .Тежок пад имало и кај цените на суровините. “Блумберговиот “ индекс кој ги следи цените на 22 суровини паднал на најниското ниво од 1999. Во Русија која е зависна од цената на нафтата, се очекува девалвација на рубљата и пад на берзанскиот индекс до 6 %.

Причината за ваквата состојба според економистите е кинеската економија која успорува побрзо отколку што е предвидено.  Загриженоста околу економскиот раст на Кина ја намали побарувачката и  ја забрза глобалната распродажба. Како одговор на тоа паѓаат цените на светските акции и цените на нафтата. Политичката нестабилност на глобално ниво е уште еден фактор кој го притиска пазарот.