Бизнис
24. November 2017 - 17:21

Црн петок - реален попуст или маркетиншки трик

Големите маркети во светот уште на полноќ ги отворија вратите за купувачите на популарниот “ Black Friday “. Големите попусти кои се движат и до 80 отсто и за најскапите брендови ги скараа потрошувачите.

Кај нас само на некои места има попусти но граѓаните не веруваат во нив.Велат дека трговците најпопуларниот ден за шопинг во светот, го користат како маркетиншки трик за да продадат повеќе производи. На овој ден најмногу се купува облека.

Од друга страна од малопродажните ланци за бела техника тврдат дека има големи намалувања на цените на дел од производите. Задоволни се од посетеноста на денешниот ден.

Иако за граѓаните попустите се нерални, од нив досега никој не се пожалил до Организацијата за заштита на потрошувачи. Но дали има манипулација со цените или не, не може да се докаже затоа што Пазарниот инспекторат подолг временски период нема директор, а на терен скоро и да нема контроли.