Македонија
12. April 2016 - 13:54

Црн ден во Македонија - три жртви за 24 часа

 
Страшна несреќа ја потресе Македонија откако вчера во 11 часот и 30 минути на улицата „Мирче Ацев“ во Велес, земја затрупа работник. Според податоците од полицијата, се работи за 37-годишниот И.А. со привремен престој во Велес, вработен во ДООЕЛ „Афион“, кој при изведување градежни работи, бил затрупан од поголема количина земја и камења по што починал. 
 
Тој работел на потпорен ѕид и во момент кога влегол во ископаниот дел врз него паднала поголема количина на земја и камења, која го затрупала. Вработени во наведената фирма го извлекле, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт.
 
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа полицијата.
 
Телото на работникот е дадено на обдукција.
 
Мртва жена пронајдена во куќа во општината Чашка. Во 10 часот во куќата на 84-годишната Л.Д. од селото Нежилово, таа била пронајдена мртва од страна на нејзиниот син, 50-годишниот Ж.Д.
 
Според податоците од полицијата, несреќната жена имала повреда на задниот ден од главата.
 
 Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата и доктор по Судска медицина.
 
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција, која ќе покаже во какви околности настапила смртта.
 
Исто така, трагедија се случи во центарот на Скопје,  загина 50 годишен маж од село Студеничани откако врз него паднал оџак од старите бараки кај Јужен Булевар. Човекот чекајки градежна работа го изгуби животот пред неговите колеги.