Црквите во Грција од денеска отворени за литургии за верниците
Πод посебни правила и прописи, црквите во Грција, денеска ги отвораат вратите за литургии со присуство на верници, што воедно ќе биде и вториот тест за Грците, по отворањето на плажите, во однос на почитувањето на мерките и индивидуалната одговорност на секој граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина.
Предвидено е да има контролирано влегување, да се држи растојание од еден и пол метар, а на влезовите задолжително е да има антисептик.
Дозволениот број на верници во внатрешноста е во зависност од големината на црквата, односно едно лице на десет метри квадратни.
Доколку црквата е над 500 метри квадратни дозволени се 50 лица.
Во случај бројот на верници да е поголем од дозволениот во секоја црква, останатите ќе треба да чекаат во дворот.
Според циркуларното писмо испратено од Светиот синод до сите грчки цркви, се препорачува верниците да носат маска, „која секако ќе ја тргнат пред причестувањето“, а на верниците кои припаѓаат на ранливите групи граѓани им се препорачува да избегнуваат излегување од дома.
Со укинување на забраната за движење на граѓаните, од 4 мај годинава, црквите и останатите религиозни објекти во Грција, беа отворени, но само за индивидуални молитви.
Освен литургиите, од денеска дозволени се и религиозни обреди како што се венчавки, крштевања, погреби, а се отвораат и останатите религиозни објекти во земјата.
Конкретните правила, согласно министерска одлука, потпишана од надлежните министри ќе биде во сила до 5 јуни.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок