Црквите и верските заедници апелираат за смирување на состојбите
Црквите и верските заедници во Република Македонија застапени во Уставот, во заеднички апел повикаа за смирување на состојбите, покажување добра волја и разумност во одлуките и постапките, воздржување од дејства што можат да ја загрозат државната, но и безбедноста на луѓето, домовите и семејствата.
Во заедничкиот апел кој денеска го пратија до медиумите наведуваат дека со внимание ги следат настаните кои, како што посочуваат, веќе подолго време ги обременуваат секојдневието и живеењето на сите граѓани.
Тие ги повикуваат политичарите и партиите да го покажат своето човекољубие и родољубие и во духот на почитувањето и толеранцијата да преземат заеднички и неодложни мерки, засновани врз легитимни државни и законски прописи, во надминувањето на искушенијата и опасностите што демнат.
Според нив, само така, сплотени и единствени, достојно ќе покажеме пред целиот свет дека мултиетничкото и мултирелигиозното општество во кое живееме може да функционира и опстојува.
- Сето тоа веќе се потврдило во нашата заедничка историја. Затоа, и ние како генерација, да покажеме преку личниот пример и со своите дела, а за доброто на нашата татковина, дека сме доследни и достојни наследници на нашите претходни генерации, дека сме вистински верници и патриоти. Впрочем, единствено така ќе покажеме дека сме достојни и на родот и на верата на кои им припаѓаме, стои во заедничкиот апел.
Ова, посочуваат, е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме нашата заедничка татковина – Република Македонија, без разлика на која национална и верска заедница припаѓаме.
- Треба да сфатиме дека вистинско заедничко живеење се постигнува единствено во мир, со почитување на различностите и на правата на секој поединец, без скратување и нарушување на правата и достоинството на другите, стои во заедничкиот апел на црквите и верските заедници во Република Македонија.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592