-->
-->
Црквата и верниците утре ја одбележуваат Задушница – Ова не смеете да го правите
-->
Црквата и верниците утре ја одбележуваат Задушница.Таа секогаш паѓа во сабота, бидејќи Исус Христос тој ден, воочи воскреснувањето во недела, го поминал упокоен.
Тоа е ден кога православните верници ги посетуваат гробовите на најблиските, даваат помен и палат свеќа. Сеќавајќи се на покојните предци, верниците на овој ден се молат на Бог за простување на гревовите и за предците.
Православната црква во текот на годината одбележува 4 задушници, есенски, летни кои се споени со Духови, воочи големиот велигденски пост и зимски.
На Задушница во црквата се служи парастос, а после службата се посетуваат гробовите на најблиските, каде се пали свеќа и се чита молитва. Кој не може да одите на гробот на најблиските, свеќа пали во црква.
Се верува дека свеќата запалена на овој ден гори се до следната Задушница. Исто така постои верување дека ако на Задушница не се запали свеќа, мртвите една година ќе бидат во мрак.
Според верувањата на Задушница не се работи, чисти и пере, не се работи ништо со волна, а не треба да се користат ниту ножици и игли. Овој ден се посветува на мртвите, а не на живите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик