Црковното знаме во манастирскиот комплекс на Попова Шапка симнато и заменето со албанско
Симнато црковното знаме во манастирскиот комплекс на Попова Шапка и заменето со албанско. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово, а настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.
- Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Инаку провокацијата доаѓа откако лидерот на Беса и градоначалник на Теотово Касами побара да се отстрани 15 метарскиот крст од манастирскиот комплекс на што пак остро реагираа македонските партии, комисијата за односи меѓу верските заеднции бидејќи крстот е на црковен имот.
За провокацијата вечерва реагираше и Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој на Фејсбук напиша:
„Има ли држава и институции! Повторно сме сведоци на провокации кои доаѓаат од центри кои имаат намера да испровоцираат меѓуетнички тензии.
Најостро го осудувам симнувањето на црковното знаме и подигањето на знаме на друга држава во црквата свети Наум Охридски на Попова Шапка.
Истите институции и политички партии кои беа гласни за тоа што се постави Крст во двор на црква на Попова Шапка што е легитимно право на една верска заедница да постави верски симбол очекувам да бидат поактивни и погласни кога спротивно на закон се спушта црковно знаме и на негово место се подига знаме на друга држава.
Ќе реагираат ли веднаш институциите или уште ќе политизираат за политички поени?“ - пишува Велјановски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна