Тенис
17. October 2015 - 15:50

Цонга го совлада Надал за финале во Шангај

Цонга одигра два одлични сета и со атакувачка игра успеа да го скрши отпорот на Рафаел Надал совладуваќи го со 6-4,0-6 и 7-5. 
Французинот со тоа не му дозволи на Шпанецот по вторпат за две недели да се пласира во финале на турнејата во Кина со што Надал останува без Мастерсот што му недостасува. 
Ова инаку беше 12-ти меѓусебен дуел на овие двајца тенисери а по четврти пат победи момчето од Ле Ман.  Ова му е прва победа на Цонга од 2011 година против големиот ривал.