Тенис
28. December 2017 - 15:17

Цонга го откажа настапот во Доха

 
 
 Францускиот тенисер Жо-Вилфрид Цонга во последен миг го откажа својот настап на егзибицискиот турнир во Доха. 
 
Цонга кој пред месец дена беше дел од селекцијата на Франција која триумфираше во Дејвис Купот, поради повреда на раката нема да настапи во Доха. 
 
Организаторот на турнирот потврди дека Цонга го откажале настапот на Французинот, кој пред пет години беше победник на овој турнирот. 
 
Според најавата, Цонга ќе ја прескокне Доха за да се подготви за настап на првиот Грен слем во новата сезона, Австралија опен кој стартува на 15 јануари во Мелбурн. 
 
Инаку, Цонга во 2017-тата неможеше да се пофали со добри резултати, бидејќи покрај триумфот во Дејвис купот со Франција, тој го освои само уште турнирот во Антверпен.