-->
-->
CNN: Како Путин на светот му даде дипломатски гол
-->
Кремиљ можеби „завојува“ со Западот, но остатокот од светот оди токму кај Путин бидејќи Русија е домаќин на Светското првенство во фудбал, оценува CNN.
И тука рускиот претседател Владимир Путин освојува важни дипломатски голови - светски лидери доаѓаат во Москва на натпреварите, со тоа и го подигаат угледот на Путин и ја ставаат Русија во центаrот на геополитичките случувања, оценува американската медиумска куќа.
Еве и пример, пишува CNN, убедлива победа на Русите уште на стартот на првенството, против Саудиска Арабија, а на свечените ложи Путин го нагости саудискиoт претстолонаследник Мохамед бин Салмана. Селекцијата на Саудиска Арабија изгуби од Русите 5-0, но Путин и саудискиот принц се погрижија да му покажат на светот како се согласни и во светските цени на нафтата.
Путиновиот офанзивен „ шарм на светското првенство“ продолжува. Генералниот секретар на УН Антонио Гутереш заедно со рускиот претседател го гледаше натпреварот меѓу Португалија и Мароко.
Исто така, Путин ќе биде домаќин и на јужнокорејскиот лидер Мун Џае -ин, не долго по историскиот самит меѓу северокорејскиот лидер и претседателот на Америка во Сингапур.
CNN наведува дека ова Светско првенство во фудбалот ја зајакна улогата на Путин во светот, токму како и зимските олимписки игри кои беа одржани во Сочи 2014 година, кои значеа дека Русија е самоуверена во намерата да се врати на светската политичка сцена со својата сила.
А игрите во Сочи се одржаа токму во време кога Русија го анектираше Крим, потсетува CNN. Од тогаш односите на Русија со западните земји се на трновит пат, а сето тоа допринело и соборувањето на малезијскиот авион MH17 над Украина, полн со патници, за што е обвинета Русија.
Потоа Русија ја обвинија за мешање во американските претседателски избори што се уште се врши истрага во САД, потоа за труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипаља и неговата ќерка Јулија во Англија.
Меѓутоа, сето тоа не ги одврати туристие да заминат во Русија, а работите да бидат уште поинтересни најскапата влезница за светското првенство во фудбал е продадена во Америка.
А фотографиите на илјадници странски навивачи кои слават, навиваат и пијат алкохол на улиците низ руските градови испраќаат јасна слика - Русија го пречекува светот со раширени раце.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца