Ципрас: Засрамен сум од неможноста на ЕУ да се справи во бегалците
Егејското Море не само што исфрла детски тела на брегот, туку ја исфрла и културата на ЕУ, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во Парламентот.
- Се чувствувам засрамен од неможноста на Европа ефикасно да се справи со оваа драма, додаде Ципрас истакнувајќи дека се чувствува засрамен и од дискусијата на ниво на самит.
- Солзите исплакани денеска се лицемерни, бидејќи на брeгот не се исфрлени само мртви деца, туку тоа исто така се деца кои се наредени на патот кон егзил, рече грчкиот премиер.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој нагласи дека примарна задача е „да се ограничи хуманитарната трагедија“ и додаде дека Грците знаат што значи да се биде бегалец.
Затоа, рече тој, примарна хуманитарна должност на Грците е да ги спасат животите на бегалците и да се потрудат да се избегнат слични инциденти.
Покрај ова, Ципрас ја нагласи и потребата да се задржи ставот во согласност со европските вредности и да се изолираат екстремните расистички појави кои постојат во Грција и во Европа.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители