Ципрас за „Политика“: Грција има конкретни и цврсти надворешнополитички позиции
Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре заминува во дводневна посета на Србија, што е прва посета на грчки премиер по седум години, додека Ципрас беше во Србија во декември 2014 година како лидер на Сириза.
Србија и Грција воспоставиле дипломатски односи пред 137 години, во 1879 година, а Договорот за сојуз бил потпишан пред 150 години, пишува српскиот весник „Политика“.
Грција е една од неколку членки на НАТО и на ЕУ кои не ја признаа независноста на Косово, а беше и воздржана за време на гласањето за прием на Косово во УНЕСКО во 2015 година, потсетува весникот.
- Особено се радувам што повторно ја посетувам Србија, земја со која долги децении не поврзуваат блиски историски, политички, културни и духовни односи. Пријателството и солидарноста меѓу грчкиот и српскиот народ претставуваат историска константа, но тоа не е доволно. Неопходно е да ја осовремениме нашата соработка, да се прилагодиме на сегашниот момент, да дадеме нова динамика во контекст на сложените и постојано променливи околности во балканското, европското и меѓународното опкружување, изјави Ципрас во интервју за „Политика“.
Тој најави дека за време на посетата со српските власти ќе разговара за многу важни прашања, од кои едно е за понатамошно зајакнување на економската соработка, а ќе се одржи и српско-грчки бизнис форум со учество на повеќе од 70 грчки компании.
- Планираме да ја зајакнеме соработката и во сферата на транспортот, вкупната инфраструктура. Посебен акцент сакаме да ставиме на железничко поврзување меѓу Пиреја и Белград, за кое предвидуваме дека ќе се реализира во рамките на планот на Кина „Еден појас, еден пат“, рече Ципрас.
Во врска со односите со соседна Албанија, Турција и Македонија, Ципрас изјави дека Грција има конкретни и цврсти надворешнополитички позиции при што активно се залага за мир и соработка, но во исто време непоколебливо ги чува своите суверени права врз основа на меѓународното право.
Според него, само врз основа на меѓусебно почитување можат да се изградат здрави билатералните односи, додека оживувањето на национализмот само ги поткопува повеќегодишните структурални напори за зајакнување на добрососедските односи и регионалната соработка.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува