Ципрас: Време е да се постигне напредок за грчкото прашање
Време е да се постигне напредок за грчкото прашање, изјави премиерот на Грциј, Алексис Ципрас при пристигнувањето на самитот на Европска унија во Брисел.
- Верувам дека можеме да постигнеме напредок без уцени и со почитување на суверентитетот, посочи Ципрас.
Тој во Брисел ќе има низа средби со европски колеги. Ципрас на средбата со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц ја потенцира потребата за изнаоѓање на решение за пакетот мерки „за доброто на цела Европа во момент на несигурност“.
Шулц изрази целосна поддршка за грчките ставови и побарал да се изнајде решени за проблемот најдоцна во јануари.
Францускиот претседател Франсоа Оланд по пристигнувањето во Брисел изразил поддршка за мерките за олеснување на долгот на Грција.
- Ги поддржувам одлуките на Еврогрупата. Еврогрупата одлучи да го олесни грчкиот долг, но тоа се уште не е доволно, наведе Оланд.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува