Балкан
17. May 2018 - 16:22

Ципрас: Уште не сме во позиција да говориме за договор

Верувам дека имаме поминато голем дел од патот, но има уште пат да се помине, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес конференцијата во Софија и додаде дека се уште не сме во позиција да говориме за договор.

- Ги разгледуваме чекор по чекор сите детали. Не сме, се уште не сме во позиција да говориме за договор. Ќе постојат и следни чекори, со цел ако е можно повторно да се сретнеме на почетокот на следниот месец, рече Ципрас.

Грчкиот премиер откри дека вчера доцна вечерта до речиси раните утрински часови разговарал со неговиот македонски колега во пријателска и опуштена клима, јави дописничката на МИА од Атина.