Балкан
6. April 2016 - 8:43

Ципрас телефонски разговарал со Камерон

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа имал телефонски разговор со британскиот премиер Дејвид Камерон, со кого дискутирале за различните предизвици со кои се соочува Европа, соопшти Кабинетот на Ципрас.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, тие, исто така зборувале и за претстојниот британски референдум за ЕУ и потребата Европа да остане стабилна и обединета со цел да се соочи со предизвиците, како и за напредокот во прегледот на програмата на Грција.