Македонија
13. July 2018 - 16:14

Ципрас со спот ја убедува грчката јавност дека договорот од Преспа е победа за грчката дипломатија

Со извадоци на делови од телефонскиот разговор со Заев, грчкиот ремиер Ципрас ја почна својата кампања во пресрет на најавеното решение на спорот за името.
 
Сите 140 земји кои до сега ги признале нашите соседи како Македонија сега ќе го признаат името Република Северна Македонија кое ќе се користи за севкупна употреба. За прва пат се предвидува дека нашите северни соседи нема во иднина да можат да тврдат дека имаат било каква поврзаност со античката култура на Македонија. Договорот исто така предвидува дека државјанството на нашите соседи нема веќе да биде само Македонци како до сега. Ќе биде Македонци/граѓани на Северна Македонија, а Грција ќе го признае државјанството само како граѓани на Северна Македонија, стои во текстот кој го придружува ова видео
Во промотивното видео на Премиерот Ципрас се вели  дека преспанскиот Договор е голема победа за грчката дипломатија која и покрај тешкотиите успеала да ги зачува своите црвени линии.