Македонија
19. October 2018 - 23:09

Ципрас: Со голем интерес ги следиме случувањата во соседната држава

Грчкиот премиер Алексис Ципрас со голем интерес ги следи случувањата во макеоднското собрание Тој од Брисел му посака успех на неговиот македонски колега Заев, потенцирајќи уште еднаш дека менувањето на Уставот, е единствен пат до посакуваните евроинтеграции.

Денес е критичен ден за Договорот од Преспа, бидејќи го имаме првото гласање за почеток на процесот на реформи во соседната земја. Тесно и со интерес ги следиме случувањата. Сакам уште еднаш да повторам дека перспективата за отворање на процесот за уставна ревизија, што го менува уставното име е единствениот пат за нашите соседи, ако сакаат да се интегрираат во Европската унија или НАТО. Сакам да му посакам добар успех на Зоран Заев.

Ципрас се уште не го прочитал образложението за оставката на Коѕијас, но наменски го преземал раководењето со грчкото МНР.

Симболиката и суштината на моето присуство во Министерството за надворешни работи и преземањето одговорност, лично, е за да се гарантира дека ќе имаме успешно завршување и ратификација од грчкиот Парламент на Договорот од Преспа, рече грчкиот премиер.

Оптимизам дека Договорот ќе се спроведе изрази и сега веќе поранешниот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, чие Министерство се најде под обвинување за злоупотреба на тајните фондови.

Грчкиот портал Ефимерида објави дека околу милион евра на грчкото МНР биле искористени за финансирање на медиуми во Македонија и Албанија и за поддршка на православни цркви. Од Владиниот кабинет ваквите информации ги оценија како бедни и директно насочени против националните интереси на Грција, а Коѕиас  во своја  одбрана посочува дека е чист во врска со овие фондови  и дека е  единстевниот министер во целата грчка историја кој доставил закон овие средства да ги контролира парламентот.