Ципрас: Се надевам ЕУ набрзо ќе сфати дека направи историска грешка
Ирационално е она што го стори Европската Унија и се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка, која не треба да стане фатална, изјави лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за Крит ТВ, говорејќи за европската перспектива на Северна Македонија и Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас вели дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе се моли на изборите во Северна Македонија „да не дојдат на власт неговите истомисленици”, истакнувајќи дека „националниот и патриотскиот интерес“ велел дека треба да се постигне Договорот од Преспа.
Според него, решението постигнато со Договорот меѓу двете земји не може лесно да се урне.
– Не верувам дека е лесно да се урне Договорот (од Преспа), но влегуваме во перипетија, во непотребна перипетија. Ирационално е она што го стори Европската унија и се надевам дека е привремен неуспех. Се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка. Грешка која не треба да стане фатална. И ова го велам знаејќи паралелно дека, за жал, Грција беше отсутна од консултациите и од се што се случи на Самитот минатата седмица, рече Ципрас, додавајќи дека се очекувало Грција, а не Данска и Холандија да имаат став и улога во дискусијата што се однесува на Балканот.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс