Loading Video...
Балкан
16. November 2017 - 16:45

Ципрас прогласи национална жалост: Во поплавите во Грција загинаа 15 лица

Поплавите во Грција однесоа најмалку 17 животи и оставија десетици повредени луѓе. Многумина останаа без своите домови.

Се е уништено. Ништо не остана. Два мои автомобила ги однесе водата кој знае каде. Куќата одвнатре е целосно уништена, раскажува жител на Мегара.

Дојде водата, ги уништи вратите, уништи се, се преврте наопаку, прозорци, врати, се се, ништо не остави, вели жителка на Мегара

Ова се тешки моменти за нашата земја изјави премеирот Ципрас и прогласи ден на национлна жалост.  Вети финансиска подршка за погодените домаќинства и бизниси.  Материјалната штета е огромна и доправа ќе се утврдува.

Катастрофа со блиблиски размери. Вакво нешто досега се нема случено.,изјави   градоначалникот на Мегара

Освен Мегара, под вода се и Неа  Перамос, Мандра, Магула.  За да се спасат од надојдената вода која носела се пред себе, некои луѓе морале да се искачат на покривите од куќите.

Најголем број од жртвите  настрадале во нивните домови, бидејќи не успеале навреме да се евакуираат. Повеќе среќа имаа патниците кои останале во автобус заробен од надојдената водена стихија. Нив ги спасиле пожарниакрите.

Неколку земји веќе  се понудија да испратат помош во погодени грчки подрачја.