Балкан
5. јуни 2019 - 10:21

Ципрас потврди дека парламентарни избори ќе се одржат на 7 јули

Грчкиот премиер Алексис Ципрас потврди дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 7 јули по поразот на неговата левичарска партија Сириза на локалните и на изборите за Европскиот парлмент.
 
Тој во интервју за ЕРТ телевизија изјави дека в понеделник ќе отиде кај грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за да побара да бидат распишани избори.
 
„Резултатите од евроизборите ни испратија порака за разочараноста на граѓаните. Наша грешка е што не бевме свесни за заморот на грчкиот народ“, изјави Ципрас кој на власт дојде во јануари 2015 година.