Ципрас подготвува реконструкција на владата
Промени во владиниот кабинет подготвува Алексис Ципрас, според грчките медиуми, а реконструкцијата би можела да се случи во следните денови.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, ставот на грчката влада е дека реконструкцијата на владата не се најавува, па затоа и не постои официјална информација, а дел од медиумите кај јужниот сосед веќе шпекулираат за можните промени во кабинетот на Ципрас.
Според нивните информации, неколку министри е сигурно дека ќе останат на нивните досегашни позиции, а меѓу нив се и министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, министерот за одбрана и коалиционен партнер Панос Каменос, министерката за труд Ефи Ахциоглу.
Доколку реконструкцијата на владата не се случи во следните денови, веројатно е дека ќе биде пред Меѓународниот саем во Солун што започнува на 8 септември, а свое обраќање ќе има и Ципрас.
На саемот што се одржува секоја година на почетокот на септември, традиционално, грчките премиери имаат говори во кои ја соопштуваат владината програма за следниот период.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење