Ципрас: Одбивањето почеток на пристапни преговори со Северна Македонија во корист на силите на назадувањето и на национализмот
Одбивањето на почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија би било одлука во корист на силите на назадувањето и национализмот, рекол грчкиот премиер Алексис Ципрас, според грчката новинска агенција АНА-МПА, во неговото обраќање за време на подготвителниот состанок на европската социјалистичка патртија во Брисел.
АНА-МПА повикувајќи се на грчки владини извори, објави дека во говорот, Ципрас ја споменал и европската перспектива на нашата земја, но и на земјите од Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.
-Одбивањето да се започнат пристапни преговори со Северна Македонија, по сето она што го постигнавме со историскиот Договор од Преспа, би била одлука во корист на силите на назадувањето и на национализмот на товар на политиката на напредок, мир и пријателство на народите, рекол Ципрас.
Грчкиот премиер, според АНА-МПА, се задржал и на кандидатурата на Манфред Вебер за позицијата претседател на Европската комисија, објаснувајќи дека сите прогресивни сили имаат одговорност да го спречат тоа, бидејќи една таква разврска би значела и официјално соработка на десницата со радикалната десница, а тоа би било катастрофално за иднината на Европа.
Ципрас паралелно изразил оптимизам за резултатите од евроизборите, но и загриженост за можниот пораст на радикалната десница.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство