Ципрас: Не признаваме со договорот македонска националност
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчка телевизија, одговарајќи му на новинарско прашање на уредникот на Катимерини вели дека со овој договор Грција ништо не губи, туку само добива.
- Ставајќи ја придавката Северна пред Македонија добиваме повеќе од колку до сега кога придавката „поранешна“ се однесуваше на Југославија, а не на Македонија. Ние сепак ја нарекувавме Македонија. Овој договор ни дава повеќе од тоа, многумина не обвинуваат дека тргуваме со името, но јас не гледам дека со овој договор ние нешто даваме. Имаме само да земеме, вели Ципрас.
Во новинарско прашање дека Ципрас во договорот ја прифаќа македонската националност вели дека во договорот стои државјанство, но не и признавање на националноста.
- Каде во договорот гледате признавање на националноста? Договорот зборува за државјанство што е различно од националност, потенцира Ципрас.
Новинарот го праша и како ќе не викаат другите држави, а Ципрас на тоа вели:
- Чекајте досега меѓународната заедница ги викаше Македонци, сега ќе мораат во обраќањето кога ќе речат Македонци да додадат, граѓани на Северна Македонија. И во овој случај добиваме, заврши Ципрас.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација