Балкан
21. јуни 2017 - 12:15

Ципрас не доби поддршка од опозицијата за договорот со Еврогрупата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера заврши со информирањето на лидерите на опозицијата за договорот на неговата Влада со Еврогрупата, што беше склучен за време на разговорите кои имаа за цел да биде утврдена заедничката позиција за преговорите за Кипар, пишува „Катимерини“. 

Анонимни извори на весникот, навеле дека сите партии постигнале согласност за Кипар, но Ципрас не добил поддршка од опозицијата за договорот на неговата Влада со Еврогрупата. 

Лидерот на конзервативната Нова демократија Киријакос Мицотакис истакна, дека договорот ќе биде разгледан во грчкиот Парламент следната недела „за да може грчкиот народ да ја дознае вистината“.