Ципрас на Туск му ја истакнал важноста за отпочнување пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија
Ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство, напиша лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас на неговиот официјален профил на Фејсбук, по средбата со Доналд Туск, јави дописничката на МИА од Атина.
-Ручек со претседателот на Европскиот совет. Разговаравме за претстојниот европски совет, за Брегзит и за бегалската криза. Му ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство. Ја потенцирав потребата да се искористат санкциите, за кои одлучивме на минатиот совет против Турција за нелегалните активности во кипарската ексклузивна економска зона. На крај, му се заблагодарив за нашата конструктивна соработка во изминатите четири и пол години, напиша Ципрас на Фејсбук и објави фотографии од средбата со Туск.
Како што претходно објави МИА, претседателот на Европскиот совет се сретна и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а на средбата станало збор за темите што ќе се најдат на агендата на ЕУ Самитот, следната седмица, во Брисел.
Доналд Туск денеска и утре е во Атина за конференцијата „Athens Democracy Forum”, а вечерва имаше обраќање за време на отворањето.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари