Ципрас: Мицотакис со три раце ќе потпишеше договор како тој од Преспа
Знам дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис апсолутно знае дека да беше тој и да имаше еден таков договор ќе го потпишеше со три раце, а не со две, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за локалната грчка телевизија ТРТ, говорејќи за Договорот од Преспа.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас упати критики до актуелната грчка Влада дека пред една година го обвинувала неговиот тогашен владин Кабинет за „предавнички договор”, а сега Мицотакис вели дека ќе го почитува.
– Овој договор го нарекуваше предавнички и дури во Парламентот се закануваше дека ако тој биде избран ќе биде пречка за интегративниот процес на Македонија. Денес е оној кој е принуден и презема иницијативи како влада за одново да почне дискусијата за интегративната политика на Македонија. Јас велам дека тоа е правилно, но оваа хипокризија ќе ја суди, не народот што гласаше за СИРИЗА, туку оние што гласаа за Нова демократија, рече Ципрас.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор