Балкан
30. September 2016 - 22:37

Ципрас: Изјавата на Ердоган за Лозанскиот договор е опасна

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска оцени дека изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оти Лозанскиот договор од 1923 година, со кој се опредеени современите граници на Турција и нанел штета на неговата земја, е опасна за билетарлните односи.

- Доведувањето под прашање на Лозанскиот договор, кој ги воспостави нормите на грчко-турските односи и стсусот кво во Егејското Море и егејските острови, е опасно за односите меѓу двете земји и за полирокиот регион, изјави Ципрас во Атина на средба со членови на неговата Влада. 

Ердоган вчера изјави дека Лозанскиот договор претставува навреда за Турција и оти врз основа на него на Грците им биле дадени турски острови.

- Противниците на Турција за време на Првата светска војна не принудија да го потпишеме Северскиот договор од 1920 година и не наговорија да го потпишеме и Лозанскиот договор од 1923 година. Се обидоа да не измамат, претставувајќи го тој договор како победа. Но, се е јасно. Во Лозана ние и ги дадовме на Грција островите во Егејското Море, местата од кои се чуваат нашите брегови. Таму има наши реликвии и наши џамии. Ние и сега се бориме за крајбрежјето. Тој проблем се појави поради оние, кои седнаа на преговарачката маса во Лозана и не успеаја да ги заштитат нашите права, рече Ердоган.

На ваквата изјава на Ердоган реагираше  и координаторката за надворешна политика и одбрана на грчката опозициска партија Нова демократија, Дора Бакојани, која оцени дека турскиот претседател дополнително ги отежнал и онака тензичните односи меѓу Грција и Турција.

Таа го повика грчкото Министерство за надворешни работи итно да реагира, нагласувајќи дека секое оспорување на постоечките договори, кои се основа на за грчко-турските односи, ги крие проблемите што може да се појават.

Претставник на Демократскиот блок, составен од партиите ПАСОК и Демократската левица (ДИМАР), изјави дека „опијанувањето“ на Ердоган од неговата победа против оние кои се обидеа за извршат пуч, не е никакво оправдание за давање „налудничави изјави“ и го повика итно да ја прекине неодговорната политичка тактика.

Грчката Комунистичка партија соопшти дека изјавата на Ердоган е опасна и провокативна и во рамки на системските напори на турското раководство да ги оспори егејските острови и воопшто границите и суверените права на Грција.

- Ја повикуваме Турција да не се обидува да создаде ново жариште на тензии, со тоа што оспорува еден меѓународен договор, со кој се уредуваат прашањата за нејзините граници и положбата на малцинствата и да го почитува потписот, што таа го ставила во Лозана, се наведува во соопштението на партијата Потами.

Сојузот на центристите коментира дека изјавата за Ердоган за оспорување на Лозанскиот договор од 1923 година ги поткопуват грчко-турските односи, го пресекува европскиот пат на Турција и ја враќа во улогата на предизвикувач на неволји на Балканот.