Македонија
25. September 2017 - 11:01

Ципрас и Трамп ќе разговараат и за Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во втората половина на октомври во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, јавија грчките медиуми.

Во наредните неколку денови се очекува оваа информација да ја потврди и Белата куќа, откако ќе се прецизира точниот датум за средбата.

Според „Реалњуз.гр“, грчката Влада сака да добие поддршка од Трамп за „отворените прашања во регионот“, како што се кипарското прашање и тензиите во Егејското море.

Ципрас исто така „ќе бара да се намали притисокот за решавање на прашањето за името на Скопје, без македонските власти да го напуштат иредентизмот“, јавуваат грчките онлјан изданија.