Македонија
23. February 2018 - 16:07

Ципрас и Меркел ги продолжија разговорите за името во Брисел

Стабилно, остварливо и заеднички прифатливо решение, со име за ерга омнес употреба, тоа е ставот на грчкиот премиер Ципрас кој тој денеска и го пренесе на германската канцеларка на средбата во Брисел. Меркел и Ципрас своите разговори ги надоврзале на она што претходно било договорено во Берлин, на средбата со премиерот Заев, пренесуваат грчките медиуми.

Грчкиот премиер на неформалната средба на лидерите на ЕУ  деенска ќе се сретне и со европската тројка која за два дена доаѓа во Скопје. Јункер, Могерини и Хан во недела турнејата низ земјите на западен Балкан ќе ја почнат токму во Македонија. Потврдено е дека тие ке се состанат со премиерот и со претседателот на државата Во Европската Комисија не сакаат да влегуваат во детали околу пораките кои тројката ке им ги  пренесени  на македонските претставници, особено во однос на решавањето на спорот за името.

Оваа посетра Јункер ја најави уште  на 6 февруари кога во Брисел беше презентирана стратегијата за проширување на земјите од Западен Балкан. Тој во неколку наврати порача дека регионот мора да има кредибилна песрпектива во Европската  Унија, но прво треба да се  исполнат реформите и  решвање на локалните спорови кои тие земјуи ги имаат со своите соседи. 

Веќе следниот ден во земјата пристигнуваат и тројцата европратеници  Вајл, Кукан и Флекенштајн. Тие веќе договорија средби со пратениците од сите пратенички групи, а на овие состаноци би требало да се договори конкретниот датум за разговорите во куќата на Жан Моне во Париз. На овие разговори би требало да учествуваат преставници на македонските парламентарни партии, и од власта и од опозицијата, а цел да се започне неформален дијалог за надминување на разликите по прашањата значајни за евроинтеграциите и за примена на европските стандарди.