Балкан
24. May 2016 - 9:01

Ципрас и Ердоган разговараа за бегалската криза

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази синоќа на состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган задоволство од досегашното спроведување на спогодбата меѓу ЕУ и Турција, нагласувајќи дека приливот на бегалците значително се намалил.

Ципрас и Ердоган се состанаа на маргините на Светскиот хуманитарен самит на Обединетите нации во Истанбул.

Двајцата лидери во разговорот, кој траел 45 минути, се фокусирале на прашањето за управувањето на приливот на бегалци.

Грчкиот премиер напоменал дека во таа смисла учеството на НАТО е од клучно значење.

Тој го покренал и прашањето за турското нарушување на грчкиот воздушен простор, а владини извори изјавија дека тие се договориле да активираат дипломатски канали заради смирување на ситуацијата.