Македонија
2. November 2018 - 20:35

Ципрас и Борисов: Преспанскиот договор ќе донесе економски просперитет на регионот

Преспанскиот договор ќе продонесе за економскиот просперитет на целиот регион, порача денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, на заедничката прес конференција со лидерите на Бугарија, Србија и Романија во Варна.

“Во периодот меѓу двете претседателства, се случи историски настан – Преспанскиот договор, кој претставува решение на еден долгогодишен проблем, кој се однесува на целиот регион. Тој договор ќе има повеќе придобивки за просперитетот и економскиот заеднички развој на Југоисточна Европа. Исто така, може да помогне да се продлабочи развојот на целиот регион, особено меѓу Северна Грција и Поранешната југословенска република Македонија, и да го претвори регионот во голем транспортен центар”, изјави грчкиот премиер.

Премиерите на 4 –те држави, на кои им  се приклучи и нивниот  израелски колега Нетанјаху, најавија нови инфраструктирни проекти мегу кои и  модернизација  на железничката врска Александрополис – Бургас.  Покрената е и инцијатива тие здружено да поднесат кандидатура за заеднички домаќин на Светското фудбалско првенство во 2030 година.