Македонија
30. September 2015 - 13:41

Ципрас и Бан Ки-мун разговарале за името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, со кого разговарале и за проблемот што Грција го има со нашето уставно име.

Грчките медиуми, повикувајќи се на изјава на портпарол на генералниот секретар на ОН, јавуваат дека Ципрас и Ки-мун „размениле мислења и за можностите за решавање на проблемот со името меѓу Грција и Македонија“.

Други детали, освен дека се разговарало и за кипарското прашање и за проблемот со мигрантите, не се соопштуваат.