Балкан
11. March 2016 - 13:15

Ципрас: Хумантираната криза во Идомени е европско прашање

Грчката држава и покрај економските тешкотии успеа да ги зголеми можностите за прием и сместување на бегалците. Оваа недела изградивме околу 10.000 места и тоа е нешто што ниту една невладина организација не може да го направи, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната средба во Атина со еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи Христос Стилианидис.

- Хуманитарната криза што се случува во Идомени не е грчко, туку важно европско прашање, и ние мора заедно да се соочиме со него, истакна Ципрас.

Според него, токму затоа, „сериозна работа што ја извршува државниот механизам во Грција мора да има значителна и широка поддршка од Европската комисија, како и од секоја земја која сака да придонесе“.