Ципрас: Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија
Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од Букурешт, по средбата со премиерката на Романија, Вјорица Данчила.-Договорот од Преспа дава особена динамика на Балканот и е модел на соработка. Покажува дека преку решавање на разликите, преку економката соработка, културната, можеме да дадеме перспектива на мир, стабилност и економски развој на Балканот. Да ја искористам можноста и да потенцирам дека Грција и Романија ја поддржуваме интегративната перспектива на Северна Македонија, но и на другите балкански земји, и на Албанија, рече грчкиот премиер и додаде дека оваа поддршка се однесува во соочувањето со големите предизвици, за реформите да можат да ги исполнат критериумите за европската перспектива, рече Ципрас.
Алексис Ципрас ги спомена и балканското и романското претседателство со ЕУ како особено важни за европската перспектива на земјите од регионот, додека, пак, за Балканот рече дека не треба да биде област во која ќе постојат конфликти, несогласувања и наметнувања на волјата на трети сили.
-Балканот може да биде регион на мир и соработка, каде што земјите и даваат предност на потребата за соработка и мирно решавање на разликите, ќе ја стават во прв план придобивката за нивните народи и ќе дадат нова динамика, истакна Ципрас.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто