Ципрас го извести парламентот за Вербалната нота и го повика Мицотакис на ТВ дуел за Договорот од Преспа
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи на расправата во грчкиот Парламент, кусо пред гласањето доверба на владата, ги извести пратениците дека Грција ја примила Вербалната нота од македонското МНР во која се соопштува дека се исполнети обврските согласно Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас рече дека во добиениот текст, “соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава, односно појаснуваат: прво, дека терминот nationality се однесува исклучиво на државјанство и второто што го појаснуваат е дека македонски јазик признат од 1977 година припаѓа на словенската група јазици”.
Грчкиот премиер во неговиот говор му се обрати на лидерот на Нова демонратија Киријакос Мицотакиси го повика на дуел за Договорот од Преспа или во парламентот или на некоја телевизија
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка