Балкан
18. July 2015 - 16:48

Ципрас ги отстрани тврдолинијашите од Владата

Грчкиот прмиер  Ципрас  смени 10 министри   и заменици минситри кои  гласаа  против  новите мерки на штедење и реформите кои ги бараат кредиторите за да отпочнат преговорите за  да се склучи целосно договорот за   нов пакет финансиска помош за земјата.  

Со измените,  Министерот за труд Панос Скурлетис ќе стане министер за енергетика, заменувајќи го Панајотис Лафазанис, еден од тврдите бунтовници од Сириза. Лафазанис ја предводи левата фракција во Сириза и заедно со уште 30 пратеници гласаше против предлог-законот за реформите. 

На местото на Скурлтетис доага Јоргос  Катугалос.   Сменет е и првиот човек  во министерството    за финансии , како и за   социјала .Нови заменици минситри се назначени за надворешни работи,за   финансии, за одбрана и за внатрепби рабори.. Сменет е и владиниот портпарол. Новата влада во Атина утрово положи заклетва

- Потегот на премирот дојде откако голем број пратеници од редовите на Сириза гласаа против реформискиот пакет, кој опфаќа и сторги мерки на штедење. Ципрас се обидува да одржи баланс меѓу различните фракции во вледејачката партија. За жал, до промените  во владиниот кабинет не доага поради  поголема  ефикаснот, туку од политички причини. Владата најверојатно ќе потрае до наредните избори, кои некои ги предвидуваат на есен, вели  Димитри Сотропулос од Атинскиот универзитет.

Реконструнстрираната  Влада  и премиерот Алексис Ципрас ги очекува  ново гласање во парламентот во среда за вториот пакет мерки договорен со европските институции.