Ципрас е задоволен од договорот, Мицотакис го повика да не става потпис | Сител Телевизија
Македонија
12. јуни 2018 - 23:25

Ципрас е задоволен од договорот, Мицотакис го повика да не става потпис

Постигнат е договор кој ги задоволи барањата на Грција порача грчкиот премиер Ципрас пред јавноста. Република Северна Македонија за севкупна упореба и уставна ревизија според Ципрас е историско постигнување во согласност со грчките црвени линии. Со договорот постои јасно оделување помеѓу Грчката Макеоднија и нашите северни соседи, и става дефинитивен крај на иредентизмот во нивниот актуелно уставно име, порача Ципрас.

Доколку уставната ревизија не успее, тогаш поканата за членство во НАТо автоматски се откажува, а нема да се активираат ниту пристапните прегвори со Европската унија. Длабоко сум убеден дека овој договор е одлична дипломатска победа, но и голема историска можност. Грчката влада во целост ги бранеше сите свои црвени линии, сите црвени линии на нашата национална позиција како што беше во последните 20 години. Ова е историски момент за Балканот и нашите народи, со овој договор, нашата татковина се консолидира како водечка сила и како вистински столб на стабилност во регионот", изјави Ципрас

И грчкиот претседател Павлопулос е задоволен од постигнатиот договор во кој се вклучени барањата за ерга омнес и уставна ревизија.

“Ова е добар договор кој што ги задоволува условите кои што ги бара Грција. Сега задача на ПЈР Македонија е да го оствари тоа на што е посветена и да напредува во процесите. Грција не би можела да потпише договор кој што е спротивен на нејзиниот Устав. Мора да се почитува историјата која досега беше злоупотребувана и добро е што е постигнат договор бидејќи тој го спречува узурпирањето на историјата и наследството на античка Македонија”, изјави Павлопулос.

Ципрас сепак не доби поддршка од грчката опозиција. Лидерот на Нова демократија договорошт го оцени како штетен и го повика грчкиот премиер да не го потпишува. Според Мицотакис, Ципрас повеќе нема легитимитет да ја води државата.

„Прифаќањето на македонскиот јазик и македонската етничка припадност претставува неприфатливо национално повлекување. Договореното решение е лошо и во контраст со мнозинството Грци. Многумина тоа не го сфаќаат, па дури и полошо не се заинтересирани да го разберат.

Мој приоритет е да придонесам со сета моја моќ да го зачувам единството на грчкиот народ. Повторувам: нема да ги поделиме Грците за да ги обединиме скопјаните.. Проблемот со Скопје не може да се претвори во проблем на Грција, и го повикувам Ципрас да не го потпишува овој договор“, порача Мицотакис, по објавување на деталите од решението на спорот помеѓу Скопје и Атина.