Ципрас е оптимист за спорот со името, но бара дела, а не зборови
Грчкиот премиер Алексис Ципрас е оптимист за прашањето за името, но очекува и конкретни чекори од македонска страна. Во кусото интервју за грчкото радио Real fm, јавува дописникот на МИА од Атина, Ципрас говореше за предизвиците и очекувањата во 2018-та. Меѓу главните теми поставени од новинарот кој го водеше интервјуто, освен економијата, сценаријата за предвремени избори и односите со Турција, се најде и прашањето за името.
- Оптимист сум дека можеме ефикасно и одговорно да управуваме со прашањето кое го наследивме од претходните влади. Сѐ додека од другата страна навистина постои желба да се направат чекори, останува да го видиме тоа, верувам дека може да се направат чекори кон излез од безизлезната ситуација, рече Ципрас.
И покрај тоа што го потенцираше неговиот оптимизам, сепак, додаде дека потребни се дела и опипливи резултати, а не зборови.
- Во надворешната политиката секој треба да биде воздржан, да не зборува многу, повеќе ги преферирам делата, отколку зборовите, рече грчкиот премиер, пренесува МИА.
Алексис Ципрас отфрли секаква можност за распишување предвремени избори оваа година, потенцирајќи дека Владата ќе го искористи четиригодишниот мандат, а граѓаните нова влада ќе одберат во 2019-та.
Грчкиот премиер изрази убеденост дека 2018-та ќе биде година на Грција, ќе донесе надеж за граѓаните, бидејќи земјата во август, по осум години ќе излезе од третиот меморандум, а со тоа ќе се означи и крајот на кризата.
Ново на Сител
-
Албанија ги почнува преговорите со ЕУ, Македонија останува во европската чекална
-
Бугарските политичари го поздравуваат раздвојувањето на Македонија и Албанија
-
Мицкоски за одлуката на Брисел: Ова е диктат, не дозволувам двојни стандарди врз грбот на Македонија
-
Гаши тврди нема ингеренции за бранителите, се било во доменот на Илире Даути
-
Нови цени на 2.500 производи – викендов стартува Законот за нефер трговски практики
-
Одлуката на Уставен ќе ги седне на маса Владата и здруженијата против присилна наплата на долгови
-
Долгот во здравството намален за 2 милијарди денари
-
Инспектори од други градови ќе ги ловат загадувачите во Скопје