Македонија
10. January 2019 - 16:15

Ципрас: Договорот од Преспа во јануари во грчкиот парламент – Вебер: Прашањето за името мора да се затвори

 

- Веднаш штом ке заврши  процесот на уставните измени  во македонското собрание , преспанскиот договор ке се пресели на ратификација  во парламентот во Атина, најави грчкиот премиер. Што се однесува пак до протоколот за НАТО, тој, од технички причини,  ке се гласа подоцна, рече Ципрас  во телевизиско интервју.

 
Штом измените се  изгласаат во Собранието на Скопје и штом за тоа ке биде информирано нашето МНР , веднаш ке го доставам резултатот до претседателот на државата, до парламентарниот спикер,  до партиите.  Тие  ќе се запознаат со  промените кои  се направија и  дали се задржува рамката на договорот што го потпишавме. Потоа веднаш  ќе се договорам со претседателот на  спикерот на парламентот за да почнат процесите.
 
Ципрас очекува дека  уште во текот на овој месец пратениците во грчкиот парламент ќе гласаат за ратификација, а малку подоцна и за протоколот за НАТО. Убеден е дека  за  догворот, но и за доверба на влада, доколку тоа биде потребно,  постои неопходното  мнозинство од 151 пратеник.   Ципрас,  сепак,  се  надева дека неговиот коалиционен партнер Каменос нема да ја собори  владата.
 
Во мегувреме, повеке европратеници изразија надеж дека Нова демократија, доколку дојде на власт,  ке продолжи со имплементација на догворот ако тој биде ратификуван во парламентот.
 
Опозицијата не мора да го прифати постигнатиот компромис. Нејзината улога  е да дава алтернативи, а Нова демократрија и нејзиниот лидер Киријакос Мицотакис не се против начелото за компромис, порача лидерот на Европската народна партија Манфред Вебер, кој е и кандидат за претседател на Европската комисија на претстојните избори во ЕУ.
 
Во Атина денеска е и Ангела Меркел. Германските медиуми очекуваат канцеларката да го пофали Ципрас за догворот од Преспа, но и да го задржи балансот со лидерот на НОва ДЕмократија, која е блиска партија на нејзината ЦДУ.