Ципрас: Договорот на ЕУ и Турција за мигрантите е „правилен чекор“
Без договорот на ЕУ и Турција за мигрантите Европа ќе се соочеше со „домино ефект“, предизвикан од едностраните мерки на државите членки, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамополос во Атина, пренесува ТАСС.
- Реализацијата на договорот нема да биде лесна задача. Ако немаше договор со Турција, требаше да се соочиме со „домино ефект“ од едностраните дејствија на одредени земји од ЕУ. Важно е дека на преден план излегуваат европските решенија, нагласи Ципрас, кој го оцени договорот како „правилен чекор“.
Грчкиот премиер истакна дека за успешно реализирање на договорот е неопходно да бидат исполнети два услови, кои не се поврзани со дејствувањето на Грција.
Првиот е да се намали протокот на мигранти од Турција, затоа што во спротивно Грција нема да може успешно да ги евакуира грчките острови, за да пристапи кон реализација на договорот, рече Ципрас, кој забележа дека вчера 1.500 лица пристигнале во Грција од турското крајбрежје.
Вториот услов, според грчкиот премиер, е Грција многу брзо да добие поддршка од квалификуван персонал.
Тој посочи дека грчката влада има намера многу брзо да го адаптира нивното законодавство, што е неопходно за да ја олесни работата на грчкиот Комитет за азил на бегалците со европските институции.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана