-->
-->
Ципрас: Барањата на Турција се пречка за мисијата на НАТО во Егејското Море
-->
Грчкиот премиер Алексис Ципрас оцени денеска дека турските барања се пречка за мисијата на НАТО која се обидува да спречи криумчарење мигранти преку Егејското Море.
Во изјава по состанок со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Атина, Ципрас рече дека голема пречка е ограничувањето на целосниот оперативен пристап на регионот.
– Грција ќе преземе напори за да може мисијата на НАТО да придонесе за решавање на кризата, изјави Ципрас.
– За жал јасно е дека пречки произлегуваат од едностраните барања и ставови на Турција. Тие барања и ставови за жал, ги изразија со зголемени активности што го загрозуваат нашиот воздушен простор, потенцира тој.
НАТО во март испрати бродови во грчки и турски води во Егејското Море.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето