Loading Video...
Тенис
16. November 2019 - 17:41

Ципицас преку Федерер до финалето на завршниот Мастерс во Лондон

Гркот, Циципас е првиот тенисер кој обезбеди пласман во финалето на  завршниот АТП Мастерс во Лондон 
 
Во првиот полуфинален меч на завршниот АТП Мастерс во Лондон, грчкиот тенисер Стефанос Циципас го совлада Роџер Федерер во два сета. 
 
Во првиот сет, Циципас направи брејк уште на првиот сервис на Федерер по сетот го доби со 6-3. 
 
Нешто слично се случуваше и во вториот сет, но во него Гркот направи два, а Швајцарецот еден брејк па сетот заврши 6-4 за Циципас. 
 
Кој ќе биде негов противник во утрешното финале ќе биде познато вечерва, откако во вториот полуфинален меч од 21 часот ќе играат Австриецот,  Доминик Тием и Германецот,  Александер Зверев кој лани беше победник во Лондон.