Loading Video...
Ракомет
7. January 2018 - 14:04

Циндриќ и Негау избрани за најдобри европски ракометари за 2017 година

Лука Циндриќ и Кристина Неагу се избрани за најдобри ракометари во Европа за изминатата 2017 година во изборот што го спроведе Европската ракометна федерација (ЕХФ). 
 
Ракометарот на Вардаф, Циндриќ беше еден од клучните играчи за освојувањето на европската титула на Вардар, а токму со неговиот гол црвено-црните во полуфиналето ја елиминираа Барселона. 
 
Хрватот доби 6731 гласа (46%) од гласовите, на фановите кои партиципираа во онлајн изборот. 
 
Занд него беше Мате Лекаи со 41%, додека како треторангиран заврши голманот на Вардар, Арпад Штербик со 6% од гласовите.
 
Кај дамите наградата за најдобра ракометарка во 2017 година, ја доби Романката, Кристина Неагу.