Балкан
20. April 2017 - 13:41

Цимерот на Игор - Рамбо: Може живи да ве одере, секој ден правеше по 5.000 стомачни

Деветнаесет полицајци, падобранци и специјалци во Италија трагаат со сите расположливи средства и полициски кучиња, по 41-годишниот Игор Вацлавиќ од Србија, кој пред две недели извршил две убиства, а е осомничен и за трето.Потерата по “Рамбо” од Србија трае со денови, а Игор за влакно ѝ се извлекува на полицијата. Сепак, ни 19 полицајци не биле доволни да го фатат Србинот, кој успеал и да рани еден од нив.

Во врска со најфамозниот и најбаран криминалец се огласи и неговиот поранешен цимер од затвор, кој за италијанските медиуми вели дека Игор може секого жив да одере.

– Во ќелијата правеше и по 5.000 стомачни. Секој ден го правеше тоа, освен недела, тогаш му се молеше на Бога. Гледаше само цртани и документарци, велеше таткото му забранувал кога бил мал, вели тој.

Го исконтактирал минатата недела, но не му открил каде е.

Инаку, тој на 1 април уби сопственик на кафуле, кога при грабеж тој обил да му даде пари. Кога го забележал чуварот на локалот, Игор го убил и него, па избегал од полицијата.

Според полицијата, тој има два пиштола кај себе и е еден од најопасните криминалци.