Македонија
19. јуни 2018 - 15:43

Циклонот Силвија се врати: Вонредна временска најава

Во текот на денешниот  ден времето во државава ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северен и од североисточен правец додека уште од претпладнево има услови за слаб локален дожд, стои во временската на Славчо Поповски.
 
Од пладневните часови па натаму повторно ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
 
Локално не се исклучува можноста за поинтензивни процеси проследени со електрични празнења и услови за појава на град.
 
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен.