Свет
12. October 2015 - 10:27

ЦИК: Со 83,49 отсто гласови, Лукашенко победник на претседателските избори во Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко освои 83,49 отсто од гласовите на претседателските избори и обезбеди петти мандат, соопшти Централната изборна комисија.

Претседателот на Комисијата Лидија Јермошина, на прес-конференција емитувана во живо на телевизија, соопшти дека активистката од кампањата „Зборувај вистина“ Татјана Короткевич е втора, со освоени 4,42 отсто од гласовите на избирачите.

Одзивот на изборите во Белорусија бил 86,75 отсто.

Двајцата противкандидати на Лукашенко на претседателските избори - лидерот на Либералн-демократската партија Сергеј Гајдукевич и лидерот на Белоруската патриотска партија и врховен атаман на белоруските козаци Николај Улахович, веќе му ја честитаа победата.

Актуелниот претседател на функцијата шеф на државата избран е во 1994, 2001, 2006 и 2010 година.