ЦИК на Косово дисквалификуваше 86 кандидати за локалните избори
Централната изборна комисија на Косово денеска го прифати предлогот на Канцеларијата за регистрација на политички партии за дисквалификување на 85 кандидати за локалните избори, закажани за следниот месец.
Според информациите добиени од Врховниот суд на Косово сите овие кандидати во последните три години биле правосилно осудени за кривични дела.
Критичарите на оваа одлука тврдат дека законот за избори не е доволно јасен и дека сите кривични дела ги квалификува како пречка за учество на изборите.
Минатата недела, амбасадите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД побараа од ЦИК да го спречи учеството на правосилно осудените на претстојните локални избори.
- Ја повикуваме изборната комисија, во рамките на косовските закони, да ги дисквалификува кандидатите за кои судовите потврдиле конечна пресуда во последните три години. Прв чекор за избор на кредибилни и одговорни функционери е да се обезбеди сите кандидати да исполнуваат минимум услови за добивање доверба на јавноста, како што е предвидено со законот, беше наведено во заедничкото соопштение на овие пет амбасади, објавено на 8 септември.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО